Трет полски играч потпиша за Вардар

Уште еден полски ракометар следната сезона ќе биде член на скопски Вардар. По Милош Валах и Марек Марцињак, црвено-црно ќе облече и пикерот Виктор Јанковски.

Вардар денеска објави дека од следната сезона нов член на нивниот тим ќе биде полскиот репрезентативен пивотмен Виктор Јанковски (23 години) кој се согласил на тригодишна верност со македонскиот клуб. Јанковски е висок 200 см, а во клубот очекуваат да биде важна алка во тимот, во одбрана и во напад.

Виктор Јанковски во Вардар ќе дојде од екипата на Квиджун, а претходно има настапувано и за Висла Плоцк.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk