ТОП ВЕСТИ: Колстад е блокиран, РНЛ го купи Бајенс од ПСЖ

Норвешкиот дрим-тим проект Колстад одново се соочи со финансиски проблеми. Трета година по ред Колстад е во минус, само што минусот за 2024 е трипати повисок отколку минатата година, а шест пати повисок отоколку во 2022 и во моментов изнесува околу 500.000 евра.
Во Норвешка постои и јасно дефиниран финансиски систем, па Колстад веќе нема да смее да купува странски играчи додека салдото не им биде во плус, а во секој случај ќе биде блокиран по тоа прашање до јуни 2026.

Холандскиот бек Дани Бајенс во моментов играч на ПСЖ, официјално е промовиран како нов ракометар на Рајн Некар Ловен. Тој ќе биде замената на Јури Кнор кој претстојното лето ќе се пресели во Алборг.

Динамо го испрати хрватскиот бек Анте Кудуз и му посака среќа во кариерата, а само ден подоцна Кудуз пристигна на новата дестинација, а тоа е катарскиот клуб Ал Рајан.

Полскиот вицепрвак Келце очигледно бара замена за Хорхе Македа на десната бековска позиција. Најверојатниот наследник и нов партнер на Алекс Душебаев ќе биде Жилиен Бос, репрезентативецот на Франција и ракометар на Нант. Двата десни бека на Келце, Македа и Душебев имаат договори до 2026 година.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk