РК АЛКАЛОИД - ГРК ОХРИД 29-26 (17-12)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Делегати: Драган Начевски и Душко Камишевски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ 1, Трајковски, Џонов, Петров 1, Младеновиќ, Серафимов 8, Стојковиќ, Ѓоргиев 4, Велковски 4, Ивановски 6, Бинго 1, Франциско 1, Петковски 2, Савревски 1, Гарбески
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 мин.
ГРК ОХРИД: Чаневски, Ојлески 4, Јукиќ 3, Ристевски, Ристески, Тасески, Сафранко 2, Јотиќ, Кукоски, Пешиќ 4, Кукуловски, Орјоникидѕе 9, Винисиус 2, Цирар 2, Ѓоргески
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин.
Пелистер во Плејоф влегува со три, Вардар и Алкалоид со по два, Охрид и Тиквеш со по еден бод и Бутел Скопје без бодови. Ова е епилогот на првиот дел од сезоната, во кој во последното коло вечерва во Скопје, Алкалоид го совлада Охрид и на тој начин беше поставена конечната табела.
Алкалоид подобро отвори, поведе со 3-0, но гостите успеаја да направат пресврт и да стигнат до израмнување, па и до водство. Но, го задржа ритамот и домашниот тим и по резултат 8-8 и повторно диктираше резултат. Во 17 минута директен црвен картон заработи Никола Јукиќ, еден од поважните играчи на Охрид, а од тој момент Алкалоид беше уште постигурен во својата игра и на полувреме замина со резултат 17-12. Треба да напоменеме дека Јукиќ црвениот картон го доби за несмасен старт врз Иван Џонов, кој исто така веќе не го видовме на теренот до крајот.
Првата шанса за плус шест Алкалоид ја пропушти на почетокот на второто полувреме, а тоа беше вовед во серија од 6-1 за гостите кои целосно ја анулираа предноста и стигнаа до израмнување (18-18).
По ова Алкалоид повторно беше посигурниот тим. Врати водство од гол до два разлика, а Охрид претрпе уште еден хендикеп откако му се повреди најдобриот играч до тој момент, Темо Орјоникидѕе.
Алкалоид се врати на плус три, рапсоложени беа голманот Благојче Трајкоски и бекот Мартин Ивановски, темпото на игра беше диктирано од домашниот состав и конечно мечот заврши со победа од 29-26 за скопскиот состав.
Поврзани вести