Димитриоски заминува од Атлетико Ваљадолид

Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски, денеска ги потврди шпекулациите што циркулираа извесно време назад дека по истекот на сезоната нема да остане во истиот клуб.

Тој се заблагодари на својот актуелен клуб Атлетико Реколетас од Ваљадолид, Шпанија и најави змаинување од клубот.
„Од мојот прв ден овде, се чувствував како дома и од првиот ден сите имавме големо семејство. Ваљадолид ми даде многу во мојата спортска кариера и само сакам да кажам: Благодарам на сите! Сега по три годони, дојде редот да се разделиме, но ова не е порака за збогум или разделба, ќе се видиме наскоро и повторно ќе славиме“, напиша Димитриоски на своите СМ профили.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk