Вардар и Тиквеш рутински до бодовите

Photo: RK Vardar

ВАРДАР 1961 – СТРУГА 40-26 (19-11)

Вардар ја одработе последната домашна работа во регуларниот дел од сезоната и ја совлада екипата на Струга со 40-26 (19-11).
Пред почетокот на натпреварот со едноминутно молчење им беше оддадена почит на настраданите во трагичниот настан во Кочани минатата недела.
На теренот, фаворитот ја оправда улогата и уште од почетокот направи решавачка предност (8-2, 9-3...).
Украинецот Димитро Хориха со седум гола, Милан Лазаревски и Хансер Родригез со по шест погодоци беа први на списокот на стрелци во победничкиот состав, а во екипата на Струга најдобри реализатори беа Александар Стојков и Немања Џигероски со по шест погодоци.



ГРК ТИКВЕШ – ФРУИТЛЕНД БОРЕЦ 29-24 (14-15)
Кавадарчани запишаа очекувана победа над велешкиот ривал во последното коло од првиот дел од сезоната во Суперлигата. Со вечерашниот триумф практично го запечатија и редоследот на табелтата на екипите што ќе играат во Плејаут, имајќи предвид дека и Струга остана без бодови.
Интересно, гостите отворија подобро и водеа сѐ до резултат 21-20, вклучувајќи овде и предност од еден гол на полувремето (15-14).
Откако израмни кавадаречкиот тим, од резултат 23-23 постигна и четири гола во серија, поведе со 27-23 и потоа сѐ беше во нивни раце до крајот на мечот.
Димитар Коцев со седум и Кристијан Анастасовски со шест гола беа најдобрите стрелци во кавадаречкиот тим, додека кај гостите најдобар стрелец беше Бразилецот Габриел Гуедеш со пет постигнати погодоци.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk