Денеска почнува последното суперлигашко коло

Четири натпревари од последното коло од т.н. регуларен дел од сезоната ќе се одиграат денеска, а утре останува да се одигра дербито на колото меѓу Алкалоид и Охрид кое ќе го реши пласманот на првите четири екипи на табелата и натпреварот од долниот дел на табелата меѓу Радовиш и Куманово.

Би било сензација каква што ри етко се гледа ако денеска фаворитите Вардар и Пелистер не успеат да ги освојат двата бода, а откако ќе си ја завршат работата сите очи ќе бидат вперени кон Автокоманда.

Утре таму доаѓа Охрид, а битолчани ќе навиваат за победа на Алкалоид затоа што така тие би биле први на табелата. Вардарци, пак, ќе навиваат за победа на Охрид или нерешено, затоа што во тој случај тие би биле први на табелата.

За самите актери на дербито, пак, резултатот нема да игра никаква улога во поглед на конечниот пласман на табелата.

СУПЕРЛИГА
ДЕНЕСКА:
17:00  ГРК ТИКВЕШ - ФРУИТЛЕНД БОРЕЦ
17:00  ВАРДАР 1961 - СТРУГА
18:00  БУТЕЛ СКОПЈЕ - Т. ПРОЛЕТ
19:30  ПРИЛЕП - Е. ПЕЛИСТЕР
УТРЕ:
19:00  АЛКАЛОИД - ГРК ОХРИД
18:00  РАДОВИШ - МРК КУМАНОВО

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk