Топ вести: Скандал во Бундеслигата, почина српски ракометар...

Барса, Берлин, РНЛ и Хановер изивисија во трката за потписот на 21 годишната ѕвезда Марко Гргиќ, во моментов топ стрелец во Бундеслигата.
За да ги запре сите шпекулации, менаџерот на Ајзенах каде што во моментов игра Гргиќ на прес конференција објави дека тој и следната сезона ќе игра во Ајзенах со кого има договор до 2027 година.

Францускиот тренер Лорен Бизу, тренер на Брест (финале на ЛШ) следната сезона ќе седи на клупата на романската екипа Рапид Букурешт, еден од клубовите со најголем буџет во женскиот ракомет.

Тажна вест од Србија. Владимир Матовиќ, познат српски ракометар, поранешен репрезентативец и играч на Партизан, Колубара, Металопластика, Пруле 67... почина на возраст од 49 години по тешко боледување.

Скандал во втората Бундеслига. Натпреварот меѓу Либек и Дрезден заврши нерешено 33-33, но израмнувачкиот гол домашната екипа го постигна нерегуларно, со осум играчи на терен. И не само тоа, туку осмиот играч кој влезе со маркер, шутираше на гол, а погодокот беше постигнат по одбиена топка од неговиот шут.
Неверојатно, но резултатот ќе биде регистриран. Гостинскиот тим не се жалеше на финалниот исход, па останува како што заврши мечот. Тоа покрена многу реакции и дискусии, затоа што поделбата на бодовите влијае на табелата кај повеќе екипи во битката за опстанок.

Првото големо дерби во првенството на Хрватска се играше во Нашице, каде што екипата на Нексе, иако на полувреме водеше, на крајот загуби од фаворитот Загреб.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk