Хосни потпиша нов договор со Е. Пелистер

Тунискиот ракометар Усама Хосни ќе остане дел од битолскиот тим и наредната сезона. Задоволни од досега прикажаното и како се развиваат за битолчани работите во Суперлигата, управата на РК Е. Пелистер и Хосни потпишаа продолжување на договорот.

По уште една одлична сезона соработката на Еурофарм Пелистер и Усама Хосни ќе продолжи и во иднина. Клубот и десниот бек се договорија за продолжување на соработката и за следната сезона и веруваме дека заедничкиот период на радости и трофеи ќе продолжи. Усама Хосни минатото лето се врати во Македонија и го облече дресот на македонскиот шампион, по успешната сезона 2022/23, по која за кратко замина од Битола.
32-годишниот Хосни со Еурофарм Пелистер има еден освоен шампионат и еден Суперкуп на Македонија. Сезонава во Лигата на шампионите Хосни настапи на 14 натпревари и постигна 24 гола.
Тунискиот репрезентативец го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24. Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk