Бразилец доаѓа во Е. Пелистер?

Photo: IHF/Kolektiff

Актуелна трансфер шпекулација која веруваме дека многу брзо ќе добие и официјална потврда или пак евентуално демант е ангажманот на бразилскиот репрезентативец Рудолф Хакбарт во македонскиот првак Е. Пелистер.
Рудолф Хералдо Хакбарт (31) е бразилски ракометар и репрезентативец кој игра на позицијата десно крило. Во моментот игра за екипата на Куенка од Шпанија, а претходно во Европа има играно и за екипите на Логроњо ла Риоха и Бада Хуеска, двете екипи се од Шпанија.

Тој е стандарден репрезентативец на Бразил и беше нивниот најдобар стрелец на Светското првенство одржано во јануари со 28 постигнати голови од 36 обиди. Тој ги шутира и пеналите за Бразил, а на споменатото првенство 19 гола од 22 обиди постигна од линијата од седум метри.

Во Е. Пелистер е веќе најавено заминувањето на Ненад Костески, а на истата позиција во моментов го имаат и српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk