Врие на врвот во Бундеслигата

Екипата на Мелзунген, предводена од поранешниот тренер на Вардар, Гарсија Парондо, поткачена од неколку повреди, не можеше да го издржи силниот бундес ритам и со 10 гола разлика беше поразена од десеттопласираниот тим на Хамбург во тековното коло.
Тоа веднаш го искористија Хановер и Берлин и сега тие се двоецот на првото место на табелата во најсилната лига на светот.
Хановер минимално славеше на гости кај РНЛ (36-35), а Берлин исто така како гостин со три гола разлика го совлада шампионот Магдебург (33-30).
Денеска се игра големо дерби, Кил гостува кај најголемиот ривал Флензбург.
Ако сакате да гледате врвен ракомет од Бундеслигата, овој меч ќе може да го следите на ТВ каналот, Спорт Клуб 3 со почеток од 18:00 часот.

Бундеслига:
1. Берлин (37 бода), Хановер (37), Мелзунген (36), Кил (34), Флензбург (31), Магдебург (29) ...