Отворен пат на Македонија кон ЕП 2026

Македонија ги доби противниците во новиот циклус на квалификации за првото Европско првенство што ќе се игра во пет држави.
ЕП 2026 ќе се игра во декември, а домаќини ќе бидат федерациите на Словачка, Чешка, Романија, Полска и Турција. Директно се квалификувани Норвешка, Данска и Унгарија.
Покрај петте домаќини, на ЕП без квалификации се пласираа и репрезентациите на Норвешка, Данска и Унгарија, освојувачите на првите три места на ЕП 2024.

Репрезентациите пред ждрепката, согласно националниот ранкинг беа поделени во четири групи со по шест екипи, а сега се распоредени во шест групи со по четири тима.

Првите две екипи од секоја група, плус четири најдобро третопласирани тимови ќе играат на ЕП заедно со петте домаќини и трите медалисти од последното ЕП.
Во ранкингот на третопласираните ќе се бројат резултатите само со репрезентациите што ќе ги освојат првите две места. Прв критериум се бодови, потоа гол разликата, па поголем број на постигнати голови. 
Македонија мошне веројатно како третопласирана екипа ќе бара пласман на ЕП, па резултатите и особено гол разликата со Словенија и Германија ќе бидат клучни за место на ЕП, додека дуелите со Белгија што мора да ги добиеме ќе се за пласман на третото место. 

Македонија во групата со репрезентациите на Словенија, Белгија и Германија
 

ГРУПА „1“: Франција, Хрватска, Косово, Финска

ГРУПА „2“: Холандија, Швајцарија, Италија, БиХ.

ГРУПА „3“: Германија, Словенија, Македонија, Белгија

ГРУПА „4“: Ц. Гора, Исланд, Португалија, Ф. Острови

ГРУПА „5“: Шведска, Србија, Украина, Литванија,

ГРУПА „6“: Шпанија, Австрија, Грција, Израел

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk