ТОП ВЕСТИ: Бенфика не го враќа позајмениот голман, трансфери на Кушан и Степанчиќ...

Српскиот пивот Живан Пешиќ, моментално ракометар на ГРК Охрид, неофицијално, би можел следната сезона да игра за скопски Вардар 1961.

Бенфика не сака да му го врати на Веспрем позајмениот голманот Кристоф Паласиц. Двата клуба имаат договор дека Паласиц би се вратил предвреме во случај некој од голманите на Веспрем сериозно да биде повреден. Бидејќи такво нешто не се случило, Бенфика побара трансферот на Паласиц назад во Веспрем да биде поништен.

Неофицијално се зборува дека поранешниот играч на Е. Пелистер, Томислав Кушан и десниот бек Лука Степанчиќ следната сезона ќе бидат дел од сѐ поамбициозниот проект во Унгарија, екипата на Ѓер.

Белорускиот шампион Мешков Брест и египетскиот ракометар Ахмед Хасан се договорија за раскин на соработката. Египетскиот ракометар одигра само 20 натпревари за белоруската екипа.

Еден од најпознатите шпански играчи во последната деценија, пивотот Гедеон Гвардиола (40), објави дека тековната сезона е последната во неговата кариера.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk