Женската репрезентација на Македонија попладнево ќе ги дознае противниците во новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2026. Првото Европско првенство воопшто, што ќе се игра во пет држави.
Домаќини на следното ЕП ќе бидат репрезентациите на Словачка, Чешка, Романија, Полска и Турција. Директно се квалификувани Норвешка, Данска и Унгарија.
Репрезентациите пред ждрепката, согласно националниот ранкинг се поделени во четири групи со по шест екипи, а по ждрепката ќе бидат распоредени во шест групи со по четири тима.
Првите две екипи од секоја група, плус четири најдобро третопласирани тимови ќе играат на ЕП заедно со петте домаќини и трите медалисти од последното ЕП.
Жрепката ќе се одржи почеток од 17:00 часот, а директно ќе биде пренесувана на каналот ТВ Арена Спорт Премиум.
ШЕШИР 1: Франција, Шведска, Холандија, Германија, Ц. Гора, Шпанија
ШЕШИР 2: Словенија, Хрватска, Австрија, Швајцарија, Србија, Исланд
ШЕШИР 3: Македонија, Украина, Португалија, Италија, Грција, Косово
ШЕШИР 4: Ф. Острови, Финска, Израел, БиХ, Литванија, Белгија
Поврзани вести