Играч на Вардар на радар на Војводина?


Големите играчки промени за следната сезона веќе почнаа низ повеќе екипи. Особено кај тие што имаат пари, а екипите ги составуваат повеќе на трансфер берзата отколку што на тренинг.
Војводина се претвори во таков тим и е во голема трка со Партизан, не само на табелата, туку и во ангажманот првенствено на домашни ракометари, а потоа и каде што може да се купи.
Деновиве е најактуелна смената на египетското крило Ахмед Сеса кој требаше да замине во Динамо Букурешт, но најеверојатно ќе оди за германскиот Вецлар.
Ахмед Сеса е еден од најдобрите стрелци на Војводина и неговото заминување нема да биде лесно да се надополни.
Но, Војводина има план.
Како што неофицијално дознаваме, една од варијантите е во Војводина да дојде Марко Срдановиќ, крилото на македонскиот вицепрвак Вардар 1961.
Војводина ќе купува и на позиацијата десно крило, а таму според шпекулациите би требало да се пресели јапонскиот играч Југа Енамото, во моментов ракометар на унгарската Татабања.

Photo: GRK Ohrid
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk