Големо засилување доаѓа во Охрид

Еден од најдобрите грчки ракометари, пикерот Николаос Лапис ќе биде ракометар на македонскиот клуб ГРК Охрид следната сезона.
Овој 25 годишен ракометар има играно и за двата најдобри грчки тимови, АЕК и Олимпијакос. Во моментов е член на Олимпијакос, а единствената странска авантура му е во редовите на шпанскиот тим Адемар.
Од Охрид потврдија дека Лапис ќе биде нивни ракометар.
Досега потврдено од Охрид е дека Борис Ројевиќ ќе го замени Стевче Алушовски на клупата, а доаѓа и словенечкиот бек Тилен Стрмљан, додека сѐ уште не потврдуваат дека Предраг Вејин исто така доаѓа во нивниот клуб. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk