Комплетирано е и четвртото коло од Квалификациите за ЕП 2026, по што потврдени се неколку репрезентации како директно пласирани, но во делот за второпласираните и кои би биле четирите најдобро третопласирани ситуацијата не и натаму е нејасна и може да има непредвидлив развој.
Од аспект на репрезентацијата на Македонија. Ако Словенија си ја одработи својата работа на гости кај Литванија, тогаш Македонија со победи над Естонија на гости и дома против Литванија (победа од +2 гола) ќе го освои второто место во групата и ќе се пласира на ЕП. Во принцип, ова беше и стартното сценарио.
Во случај нешто да тргне наопаку, а тоа е Литванија да не загуби дома од Словенија или пак Македонија да не победи во Естонија, тогаш на Македонија ќе и треба победа над Литванија и тоа со што поголема разлика – тоа подобро.
Ова е затоа што како третопласирана би имала два бода, што во принцип е доволно за пласман, но ако и овде нешто тргне наопаку, па да се пребројува гол разлика со некоја од другите третопласирани, тогаш мора што повеќе да го намали актуелниот минус во гол разликата, а тој изнесува во моментов -19.
Што се однесува до моменталниот статус на третопласираните, тука најдобро котираат (потенцијално) Италија и Украина кои имаат по два освоени бода од дуелите со екипите број еден и два во групата. Ако сѐ оди по план би им се приклучила Литванија, а за последното место ќе се борат неколку тима. Евентуално и Грција би можела до трето место со два бода, Швајцарија има еден бод, Финска, Белгија, Романија имаат нула бодови. Финска ќе игра дома со Ц. Гора, Романија со Португалија и ако успеат да победат тогаш ќе дојде до пребројување на гол разликите.
Репрезентациите на Хрватска, Словенија, Исланд, Германија, Унгарија, Португалија и Фарски острови се веќе пласирани на ЕП. Одново изненадување е репрезентацијата на Фарски острови која откако дома одиграа нерешено со Холандија, успеа да ги победи на гостински терен.
РЕЗУЛТАТИ И ТАБЕЛИ
ГРУПА „1“
Словенија - Македонија 38-27
Литванија - Естоанија 35-28
Следни натпревари:
Естонија - Македонија, Македонија - Литванија
Литванија - Словенија, Словенија - Естонија
Табела: Словенија (8), Литванија (6), Македонија (2), Естонија (0)
ГРУПА „2“
Унгарија - Ц. Гора 29-29
Словачка - Финска 25-26
Следни натпревари:
Финска - Ц. Гора, Словачка - Унгарија
Унгарија - Финска, Ц. Гора - Словачка
Табела: Унгарија (7), Ц. Гора (5), Финска (4), Словачка (0)
ГРУПА „3“
Исланд - Грција 33-21
БиХ - Грузија 20-22
Следни натпревари:
БиХ - Исланд, Грузија - Грција
Исланд - Грузија, Грција - БиХ
Табела: Исланд (8), Грузија (4), БиХ (2), Грција (2)
ГРУПА „4“
Шпанија - Србија 28-26
Италија - Летонија 41-30
Следни натпревари:
Италија - Шпанија, Летонија - Србија
Србија - Италија, Шпанија - Летонија
Табела: Шпанија (6), Италија (6), Србија (4), Летонија (0)
ГРУПА „5“
Хрватска - Чешка 36-20
Белгија - Луксембург 24-27
Следни натпревари:
Белгија - Хрватска, Луксембург - Чешка
Чешка - Белгија, Хрватска - Луксембург
Табела: Хрватска (8), Чешка (4), Белгија (2), Луксембург (2)
ГРУПА „6“
Холандија - Ф. Острови 31-32
Украина - Косово 36-25
Следни натпревари:
Украина - Холандија, Косово - Ф. Острови
Холандија - Косово, Ф. Острови - Украина
Табела: Ф. Острови (5), Холандија (4), Украина (4), Косово (3)
ГРУПА „7“
Германија - Австрија 31-26
Швајцарија - Турција 20-27
Следни натпревари:
Швајцарија - Германија, Турција - Австрија
Австрија - Швајцарија, Германија - Турција
Табела: Германија (7), Швајцарија (5), Австрија (4), Турција (0)
ГРУПА „8“
Португалија - Полска 33-27
Романија - Израел 29-26
Следни натпревари:
Романија - Португалија, Израел - Полска
Полска - Романија, Португалија - Израел
Табела:
Португалија (7), Полска (4), Романија (3), Израел (2)
На ЕП ќе се пласираат првите две екипи од секоја група и четирите најдобро третопласирани.
Во рангирањето на третопласираните критериумите се резултатите од дуелите со прво и второпласираните во групите по редослед: бодови, вкупна гол разлика, повеќе постигнати голови, ждрепка.