Се повреди Марко Митев, нема да го доигра мечот

Македонија игра квалификациски натпревар во Словенија, откако ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот.

Македонските ракометари играат меч за да не бидат суспендирани, не се радуваат на головите што ги постигнуваат, а голем пех за нашиот тим е повредата на Марко Митев кој само неклку минути откако влезе во игра, во 17 минута од мечот, на носилки беше изнесен од теренот.

Младата македонска ѕвезда беше во противнапад и видливо и на тв екраните коленото попушти и по неколку минути во кои му се даваше помош беше изнесен од теренот.

Моментот на повредата изгледаше вознемирувачки, наскоро очекуваме информација за каков тип на повреда се работи.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk