Ракометната федерација на Македонија побара, Европската не дозволи натпреварот во Копер меѓу Словенија и Македонија да биде одложен.
Виена немаше слух, но не можеме да кажеме дека ова е изненадување. Во Копер денеска ќе се игра квалификацискиот натпревар, за сатистика и бројки.
РФМ потврди дека побарале одложување...
Почитувани,
Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот помеѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше оддобрено.
Натпреварот ќе започне со минута молк.
Со почит,
Македонската репрезентација денеска ќе мора да игра и против својата волја, затоа што евентуално одбивање да настапи, според регулативите на ЕХФ ќе значи дисквалификација, поништување на сите резултати во актуелните квалификации, а би се соочила и со евентуална суспензија и во наредните две години.