Минута молк во Копер пред мечот меѓу Словенија и Македонија

Квалификацискиот дуел меѓу Словенија и Македонија ќе се одигра според предвидениот термин во сенка на големата трагедија што се случи ноќеска во Кочани.
Беше за очекување да нема поместување на терминот за играње со оглед на густиот распоред на натпревари во календарот на ЕХФ.
Натпреварот почнува во 18:30 часот во распродадената сала „Бонифика“ во Копер, а мечот ќе почне со минута молчење со што ќе им биде одадена почит на жртвите во несреќата во Македонија.
Официјализирани се и составите, измени има во македонскиот тим, на местото на Марко Кизиќ на овој меч ќе брани Иван Галевски, а на местото на Томи Јагуриновски во составот е Александар Петковски.

ТВ пренос од средбата ќе има на каналот ТВ Арена Спорт 3.





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk