-
15.03.2025
-
Вести, Планета ракомет
Photo: SPR Wisla Plock
Конечно, Шпанија увезе тренер
Српскиот тренер Марко Кривокапиќ ќе ја води екипата на Бенидорм од Шпанија до крајот на сезоната. Овој клуб во јануари потпиша двегодишен договор со нивниот тренер Серхио Карабељера, а потоа го отпуштија по еден месец поради четири врзани порази, од кои три од директните ривали. Кривокапиќ, пак, десет години беше асистент на Хуан Пастор во ПИК Сегед, а потоа премина во Ц. Звезда.
Банкрот тропа од врата на врата во Романија
Романските клубови имаат големи буџети што главно се финансирани од општините. Во време кога кризата се зголемува, меѓу првите на удар се спортските колективи.
Екипата на Бакау е следната која можеби ќе го прекине натпреварувањето, ако на крајот на месецот се усвојат мерките и вкупниот буџет биде преполовен.
Не е за старо железо
Хрватскиот голман Мирко Алиловиќ најверојатно ќе добие нов договор во полскиот тим Висла Плоцк. Тој има 39 години, но изјави дека нема намера да ја заврши кариерата и не само тоа, туку потврди дека би сакал да остане во Плоцк. Топката сега е на половината на тренерот Хавиер Сабате и клупската управа.
С. Арабија се сврте кон Шпанците
Шпанскиот тренер Исидоро Мартинез е назначен за нов шеф на стручниот штаб на машката репрезентација на Саудиска Арабија. Мартинез е познат како креатор на младинскиот тим на Шпанија кои ги освои ЕП и СП во 2016 и 2017, а работеше во Адемар Леон и во младинскиот тим на Кувајт.