Полска одбра шпански селектор, асистентот на Раул од ПСЖ

Репрезентацијата на Полска со в.д. селектор на клупата успеа да го надмине минусот од стартот на квалификациите и со нерешен меч против Португалија на домашен терен, речиси се пласираше на ЕП 2026.
Заминувањето на Марцин Лијевски се покажа како адреналинска инјекција за полските играчи кои се надминаа и освоија златен бод, но сега доаѓа на ред и решавањето на селекторската позиција, долгорочно.

Хота Гонзалез, шпанскиот тренер кој ја води Бенфика, а претходно пет години му беше асистент на Раул Гонзалез во ПСЖ, меѓудругото беше со него и на клупата на Македонија, на ЕП 2018 е најверојатниот избор на полската федерација.

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk