Македонија и Полска одново без победник

Машката јуниорска репрезентација на Македонија одигра два натпревари со соодветната репрезенатација на Полска, домаќин на претстојното Светско првенство. Македонската репрезентација не беше комплетна на овие два натпревари. 

По вчерашните 24-24, Македонија вечерва одигра 27-27.

Домашниот тим водеше во поголемиот дел од натпреварот, на полувреме беше и плус пет (16-11), но нашиот тим се врати во игра и во второто полувреме премина во водство (22-21). Во последната минута при резултат 27-27 и двете репрезентации имаа по еден напад за евентуална победа, но не ги реализираа.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk