-
14.03.2025
-
Планета ракомет
Бабиќ има нов клуб
Поранешниот тренер на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ по разделбата со Олимпијакос од Атина се врати во Хрватска. Жељко Бабиќ ќе биде новиот тренер на екипата на Сесвете, која досега успешно беше водена од Игор Вори. Поранешниот пикер, пак, останува во клубот во улога на спортски директор.
Шампионите стигнаа, ама багажот – не
Багажот на репрезентативците на Данска пристигна со еден ден задоцнување од Франција, па Николај Јакобсен ќе може денеска да одржи тренинг.
Данска гостуваше кај Франција во рамки на ЕХФ Куп и доживеа пораз на официјален меч по повеќе од 14 месеци. Екипата се врати во Данска, но нивниот комплетен багаж недостасуваше. Денеска за нивна среќа се средија работите.
Збогум од хрватското трио
Загрепската арена е одново распродадена. На претстојниот натпревар со Чешка официјално од репрезентацијата на Хрватска ќе се простат Домагој Дувњак, Игор Карачиќ и Иван Пешиќ и тоа беше главната причина да не остане билет. ХРС ќе организира и посебна програма во која како гости се поканети околу 170 познати лица.
Австрија бара селектор
Откако Алеш Пајовиќ прифати да биде тренер на Флензбург, неговата авантура како селектор на Австрија ќе заврши во јуни. Австрија во моментов активно бара негова замена, а најголеми шанси во моментов има нивниот прославен ас Роберт Вебер.
Гонзало отиде под нож
Голманот на Барса, односно идниот голман на Кил, Гонзало Перез де Варгас беше успешно опериран на клиника во Барселона. Тој имаше скинати предни вкрстени лигамети и го чека пауза од најмалку шест месеци, иако докторот кој го оперираше не даде никаква прогноза да должината на рехабилитацијата.