Патрик Винцек ја завршува кариерата

Патрик Винцек (35), еден од ретките дефанзивци кои стигнале до ниво „легенда“ денеска објави дека ја игра последната сезона во кариерата.
Германецот со полско потекло игра во Кил од 2012, игра во два правца, иако славата и прекарот „Бам-Бам“ ги има заработено поради играта во одбрана. Агресивната игра во одбрана.
Крајот неофицијално беше најавен неколку месеци претходно. Кил го ангажираше на линијата хрватскиот пивот Верон Начиновиќ, Петер Оверби има уште една година од договорот, а меѓу Пекелер и Винцек, Кил се реши нов договор да му понуди на Пекелер.
Во Македонија е можеби малку познат фактот дека играчките позиции во Кил се строго дефинирани и во тој клуб нема компромиси од типот – нека биде четвртиот пикер. Кил останува со три пикери, а Винцек изјави дека по 13 години во Кил, не може да се замисли во дрес на друга екипа. Останува во клубот, но нема да игра, ќе му биде најдена позиција каде што ќе биде корисен и ќе може да придонесе.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk