Денеска ќе биде комплетирано третото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2026 што следниот јануари ќе го организираат со здружени сили Шведска, Данска и Норвешка.
Интересни резултати имаше на првиот ден од квалификациите. Фарски острови покажаа нов чекор напред и одиграа нерешено со селекцијата на Холандија, водеа и со пет гола во вториот дел (20-15), но потоа Холандија изведе брз кам бек, а ракометарите од Фарски бркаа негатива во финишот и успеаја да стигнат до бод кој веројатно ќе ги однесе на следното ЕП.
Хрватска практично запечати пласман со лесната победа на гости кај Чешка, Унгарија нешто потешко славеше на гости во Црна Гора...
Денеска ќе се играат интересни натпревари, во фокусот на денот е дуелот меѓу Србија и Шпанија.
ГРУПА „1“
Македонија – Словенија 26-32
Естонија – Литванија 20-30
Табела: Словенија (6), Литванија (4), Македонија (2), Естонија (0)
ГРУПА „2“
Ц. Гора – Унгарија 26-29
Финска – Словачка денеска
Табела: Унгарија (6), Ц. Гора (4), Словачка (0), Финска (0)
ГРУПА „3“
Грција – Исланд 25-34
Грузија – БиХ денеска
Табела: Исланд (6), Грција (2), БиХ (2), Грузија (0)
ГРУПА „4“
Србија – Шпанија денеска
Летонија – Италија денеска
Табела: Шпанија (4), Србија (2), Италија (2), Летонија (0)
ГРУПА „5“
Чешка – Хрватска 29-35
Луксембург – Белгија 22-32
Табела: Хрватска (6), Чешка (4), Белгија (2), Луксембург (0),
ГРУПА „6“
Ф. Острови – Холандија 32-32
Косово – Украина денеска
Табела: Холандија (4), Ф. Острови (3), Украина (2), Косово (1)
ГРУПА „7“
Турција – Швајцарија 34-38
Австрија – Германија денеска
Табела: Германија (4), Австрија (3), Швајцарија (3), Турција (0)
ГРУПА „8“
Полска – Португалија денеска
Израел – Романија денеска
Табела: Португалија (4), Полска (3), Израел (1), Романија (0)
Поврзани вести