Митревски: Словенија не беше ослабена, покажа квалитет

Македонскиот тим за пласман на ЕП 2026 ќе мора да ја победи Литванија на натпреварот што во следната квалификациска рунда ќе се игра во Скопје. Нема да ја отпишеме ниту средбата во Копер, ниту гостувањето во Естонија, но без разлика дури и на резултатски неуспех од тие два меча, пласманот на ЕП ќе го одреди домашниот дуел со Литванија. 
Дуелот со Словенија беше едно друг контакт со реалност што не сакавме да ја видиме по настапот на мундијалот во јануари. 

„Можеби немаме доволно квалитет и ротација за да играме против квалитетна селекција како Словенија. Но, при наше водство од четири гола во првото полувреме имаше неколку чудни судиски одлуки. Ние сме млада екипа и секако дека таквиот критериум на судење имаше влијание. Не сакам никако да обвинувам за тоа. Не успеавме да се вратиме во второто полувреме. Во првите дваесет минути покажавме дека имаме квалитет и тоа треба да ни служи како пример и да продолжиме така. А во останатите 40 минути да видиме каде грешевме ние самите и да го поправиме тоа во иднина. Игравме против ракометари од светска класа кои играат во врвни клубови и имаат трофеи во ЛШ, како и полуфинале на ЛОИ. Словенија не е ослабена, напротив главните играчи беа тука и беше тешко да се игра против нив“, изјави репрезентативниот голман. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk