Photo © Filip Viranovski
МАКЕДОНИЈА - СЛОВЕНИЈА 26-32 (16-15)
Стрелци за Македонија: Кузмановски 9, Митев 5, Пешевски 4, Кузманоски 1, Серафимов 1, Џонов 2, Костески 2, Велковски 1
Митревски 8 одб 1 сед., Кизиќ 1 одб, 1 сед.
Словенија: Влах 10, Јанц 7
Македонија не успеа да влезе во победнички ритам во квалификациите за ЕП. Вечерва во Скопје, репрезентацијата на Словенија беше поуспешниот тим и ги однесе бодовите, а Македонија тргна по потешкиот пат кон ЕП 2026. Следува гостување во Копер, а потоа двата натпревари со Естонија и Литванија, на кои нема да има право на грешка.
Натпреварот почна како што Македонија можеше само да посака. Од почетокот профункционираа ракометарите од кои се очекуваше најмногу.
Филип Кузмановски со шест, Марко Митев со три гола ја предводеа листата на стрелци, а Никола Митревски одбрани четири шута на кои се доврза и Марко Кизиќ со еден одбранет пенал и Македонија по воедните 4-1 и 5-2, водеше со максимални шест гола разлика (11-5) во 20 минута од средбата.
За целото тоа време, нашиот тим играше долги напади до сигурна позиџија за гол што даваше резултат.
Промената на ритамот на натпреварот почна со две одлуки едноподруго на судиската двојка од БиХ. Тоа одлуки да не се досуди фаул кога Македонија беше во напад, што ја крена на нозе публиката. Потоа следеше и директниот црвен картон за невнимателниот Валентин Карасманакис и се врати Словенија од минус шест на минус три во период од само една и пол минута 8-11.
Кузмановски со седмиот гол ја запре оваа серија и Македонија поведе со 12-8, а Митревски со петтата одбрана даде шанса одново да бидеме на плус пет. Но тој напад не го искористивме, а потоа Блаж Јанц казни со гол за 9-12, а во 25 минута беше 13-11. Гол за гол се играше до крајот на полувремето, во кое за жал во последната минута пропуштивме напад за плус три, а тоа го казнија гостите и на одмор се замина со само гол предонст за Македонија (16-15).
Првиот напад во вториот дел го имаа гостите од Словенија и го искористија за прво реми на натпреварот по почетните 0-0.
Марко Митев изнуди исклучување на камениот столб на Словенците, Блаж Благотиншек што веднаш го искористи Пешевски за со својот четврти гол да ја врати Македонија во водство.
Во 38 минута, го запишавме првото водство на гостите од Словенија (19-18). Му претходеа три неискористени напади на македонскиот тим.
Следеше еден краток период во кој се играше играта гол за гол, а потоа Македонија прва погреши што веднаш беше казнето со погодок за водство на Словенија од 22-20 и тајм аут на Кирил Лазаров.
Потоа дојде критичниот период. Две врзани одбрани на голманот Јоже Базник, меѓу нив и една погодена статива и во 46 минута од натпреварот Словенија поведе со 25-21.
Костески го запре резултатскиот пад, но во 40 минута Словенија имаше максимални пет гола предност (27-22).
Кузмановски со осмиот гол намали на 23-27, а Словенија остана со четири играчи во поле што беше последниот воз за нашиот тим. Но, брзо замина таа шанса, а Македонија не ја искористи, згора на тоа останавме и со играч помалку, а тоа не чинеше гол на празна мрежа.
Словенците останаа ладни и фокусирани во еуфорчните последни минути. Тоа посебно важи за голманот Базник кој ги скроти надежите на нашиот тим, додека Влах и Јанц покажаа класа достојна за нивните Барселона и Алборг.
Од групата „1“ денеска се одигра и натпреварот меѓу Естонија и Литванија. Победија гостите од Литванија, неочекувано убедливо 10 гола разлика (30-20) и практично ја отпишаа Естонија од трката за пласман на Европското првенство во 2026.