Пет играчи потпишаа нов договор со ГРК Охрид

ГРК Охрид денеска објави дека потпишале нови договори со пет ракометари од актуелниот состав. Четворица од нив се македонски ракометари. 


„Гоце Ојлески, Наум Костов, Даниел Ѓорѓески, Дејан Кукуловски и Темо Орјоникидзе остануваат верни на ГРК Охрид. Ојлески и Ѓорѓески ги продолжија договорите со Охрид до 2027 година, а Костов, Кукуловски и Орјоникидзе до 2026-та.
За следната сезона валиден договор со клубот имаат и капитенот Тасески, Чаневски, Јотиќ, Цирар, Бојаниќ, Шипинкоски и Ристески“, објави ГРК Охрид. 


Останува во продолжението на сезоната да ги слушнеме и новитетите во тимот. Највени се, а и клубот потврди дека разговара со неколку странски ракометари за следната сезона. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk