Македонија и Словенија вечерва од 20:00 часот ќе го одиграат првиот натпревар од квалификацискиот двомеч за пласман на ЕП 2026.
Средбата се игра како дел од групната квалификациска фаза во која Македонија и Словенија се заедно во групата со репрезентациите на Литванија и Естонија.
Кирил Лазаров не експериментираше со составот. Тимот што одигра добро на СП, нема зошто да се менува во овој момент. На терен ќе биде верзијата на мундијалскиот состав без Никола Маркоски и Иван Галевски. Единствената промена во однос на СП е принудна, на местото на повредениот Петар Атанасијевиќ, во екипата влегува Цветан Кузманоски.
Во составот на Словенија има бројни измени во однос на СП, но тие имаат голема база на ракометари и во суштина не се многу сериозно оштетени.