Денеска, прв пат по настапот на Светското првенство 2025, репрезентацијата на Македонија ќе игра натпревар и тоа на домашен терен во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Гостин во Скопје е репрезентацијата на Словенија, тим што на СП се пласираше на 13 место, две позиции подобро од македонската репрезентација.
Натпреварот почнува во 20:00 часот, ќе се игра во распродадената сала „Борис Трајковски“, а директен ТВ пренос ќе има на МТВ 1 и МТВ 3.
Гостите во Скопје доаѓаат со видно изменет состав од тој што настапи на мундијалот. Селекторот на Словенија, нема да може да смета на дел од ракометарите што играа во Загреб и тоа ги зголемува шансите за добар резултат на Македонија. Но, не во толкава мерка за македонскиот тим да се види себе во улога на фаворит. Сепак, во тимот на Словенија има една цела постава на ракометари кои играат во врвните европски клубови како на пример Алборг, Барса и Флензбург и тоа и во овој момент ги позиционира повисоко од актуелниот македонски состав.
Македонија игра за некој процент подобро кога ја има поддршката од публиката. Тоа што го даваат трибините – адреналинот и мотивацијата надополнуваат и покриваат дел од слабостите и кога е се добро искомпонирано, а дисциплината на ниво, овој тим може да се носи со фворитите на хартија. Тоа го видовме во Вараждин, но тоа е процес што мора да се повторува на секој натпревар, се додека ракометарите комплетно не созреат и има зад себе поголем минат труд и повеќе искуство и индивидуално како екипа.
Многу нешта зависат од моменталната форма и инспирација на Никола Митревски, Филип Кузмановски и Марко Митев. Но, не се работи само за три играчи, секој што ќе влезе на терен ќе мора да биде во својата најдобра верзија за да стигне екипата до целта.
Што се однесува до пласманот на ЕП. За Македонија оваа средба е многу поважна отколку за Словенија, која има и реванш на домашен терен по четири дена во Копер, а таму ќе биде изразит фаворит. Победа, па и нерешен резултат за Македонија значи речиси сигурен пласман на ЕП. Неповолен резултат на овие два дуела, ќе не врати чекор назад и тогаш пласманот ќе мора да биде верификуван со две победи, на гости кај Естонија и дома со Литванија.
Денеска ќе се сретнат и екипите на Естонија и Литванија (18:00), па со едно око ќе следиме и како ќе заврши средбата во Талин.
ГРУПА „1“
Македонија – Словенија
Естонија – Литванија
Табела: Словенија (4), Македонија (2), Литванија (2), Естонија (0)
ГРУПА „2“
Ц. Гора – Унгарија
Финска – Словачка
Табела: Унгарија (4), Ц. Гора (4), Словачка (0), Финска (0)
ГРУПА „3“
Грција – Исланд
Грузија – БиХ
Табела: Исланд (4), Грција (2), БиХ (2), Грузија (0)
ГРУПА „4“
Србија – Шпанија
Летонија – Италија
Табела: Шпанија (4), Србија (2), Италија (2), Летонија (0)
ГРУПА „5“
Чешка – Хрватска
Луксембург – Белгија
Табела: Чешка (4), Хрватска (4), Луксембург (0), Белгија (0)
ГРУПА „6“
Ф. Острови – Холандија
Косово – Украина
Табела: Холандија (3), Ф. Острови (2), Украина (2), Косово (1)
ГРУПА „7“
Турција – Швајцарија
Австрија – Германија
Табела: Германија (4), Австрија (3), Швајцарија (1), Турција (0)
ГРУПА „8“
Полска – Португалија
Израел – Романија
Табела: Португалија (4), Полска (3), Израел (1), Романија (0)
Поврзани вести