Вардарецот Нилтон Мело, успешно опериран

Photo: RK Vardar 1961

Вардар 1961 во продолжението на првенството ќе мора без португалскиот ракометар Нилтон Мело. Тој имаше проблем со коленото што е решен со операција, а Мело ќе мора да помине надвор од теренот околу осум недели.
Вардар вечерва информираше за здравствената состојба на својот ракометар
 

Левиот бек Нилтон Мело, имаше успешен оперативен зафат на менискусот на коленото и му претстои период на рехабилитација. Според првите лекарски предвидувања ќе бидат потребни два месеци за враќање на Мело на теренот.
Левиот бек кој повеќе беше со дефанзивни задачи, имаше проблеми со коленото, но мораше со оперативен зафат да се реши состојбата, за да може побрзо да се врати на терен. Операцијата ја изврши др. Небојша Настов, и веќе е почнат професот на рехабилитација на играчот“, напиша Вардар 1961 на своите СМ-профили. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk