Миркуловски на лето заминува од Вецлар

По една деценија соработка како играч и тренер во германскиот тим Вецлар, поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски по завршувањето на сезоната ќе се раздели со бундеслигашот.
„Му благодариме на Филип од дното на душата за сѐ неуморната и вредна работа и целосната посветеност кон Вецлар“, изјави спортскиот директор на клубот, Јасмин Чамџиќ за клупскиот сајт.

Миркуловски, пак,  се поздрави со своите фанови:
„Благодарен сум за целото време што го минат како играч и шансата што ја добив да се едуцирам и напредувам како тренер. Се разбира, жал ми е што нема да продолжам како дел од тимот. Во моментов ги разгледувам моите опции за иднината, изјави Миркуловски за клупскиот сајт, а за G-SPORT потврди дека уште од сега има некои опции за продолжување, но дека засега нема донесено одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Откако информацијата стана официјална, веројатно ќе се отворат и други врати.

Миркуловски по колапсот на Металург накратко замина во Хановер од каде што во 2015 се пресели во Вецлар.

Таму до 2022 беше активен играч со тоа што од 2020 имаше и улога на асистент. Во два наврати кога Вецлар менуваше тренер, Миркуловски беше вршител на должноста прв тренер и се покажа сосема солиден и како самостоен тренер.

Вецлар од јуни ќе има нов тренер, Момир Илиќ ќе ја преземе клупата, а колку неговото доаѓање влијаеше на разделбата на Миркуловски со клубот е малата непознаница.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk