Европската ракометна федерација денеска го финализираше моделот на Квалификации за ЕП 2026, прво воопшто во ракометот што ќе се игра дури во пет држави: Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.
Овие пет земји, заедно со трите најдобропласирани од претходното ЕП, а тоа се Норвешка, Данска и Унгарија се директно пласирани на ЕП 2026 кое одново ќе се игра со 24 репрезентации.
Другите 16 екипи, меѓу кои е и Македонија ќе играат квалификации по познатиот систем 6х4 екипи од кои првите две од секоја група ќе се пласираат на ЕП, а од шесте третопласирани екипи, четири исто така ќе обезбедат пласман.
Македонија според пласманот на последното ЕП, во рангирањето за ждрепката што ќе се одржи на 20 март во романскиот град Клуж, ќе биде во третиот шешир. Треба да се има предвид и дека во вкупното рангирање на третопласиранит екипи, првиот критериум се резултатите на мини-табелата со екипите што ќе ги освојат првите две места во групата. Тоа може да биде замка на патот и ќе треба да е води сметка и за гол разлика на сите натпревари.
Подвлечено, од 24 што ќе учествуваат во квалификациите, само осум нема да се пласираат на ЕП. Тоа ќе бидат последнопласираните ви групите и двете најслабо третопласирани екипи.
ЖДРЕПКА ЗА ЕП 2026:
1 ШЕШИР: Франција, Холандија, Германија, Ц. Гора, Шпанија
2 ШЕШИР: Словенија, Хрватска, Австрија, Швајцарија, Србија, Исланд
3 ШЕШИР: Македонија, Украина, Португалија, Италија, Грција, Косово
4 ШЕШИР: Ф. Острови, Финска, Израел, БиХ, Литванија, Белгија
Поврзани вести