Словенија личи разнишана, но дали е така?

Photo: IHF/Kolektiff

Среда и четврток се деновите за одигрување на натрпреварите од третото коло во Квалификациите за ЕП 2026. За одбележување во тековните квалификации е дека ќе биде потешко да се дојде до пласман затоа што и кај третопласираните екипи речиси сите имаат освоено бодови и нема да биде јасно изразена линијата што ќе ги одведе најдобропласираните четири (третопласирани) екипи на ЕП.

Македонија е во оваа група засега. Поразот во Литванија имаше освестувачки момент за нашиот тим кој потоа играше во поинаков ритам, но домашната работа во квалификациите уште не е напишана.
Словенија на прв поглед изгледа како разнишана екипа со бројни отсуства, што особено мотивирачки делува кај малку послабите познавачи на ракометот кај нас и сѐ посилно станува удирањето во гради пред мечот во Скопје.
Како контра аргумент за бројните отсуства ќе подвлечеме:

Голмани: Јоже Базник (Екс Прованс), Урбан Лесјак (Тримо), Миљан Вујовиќ (Штутгарт)
Л. Крила: Тилен Кодрин (Гумерзбах)
Л. Бек: Алекс Влах (Алборг), Алекс Кавчич (Загреб)
С. Бек: Домен Макуц (Барса), Домен Тајник (Е. Пелистер)
Д. Бек: Матиц Грошељ (Шарт), Тим Розман (Балатон)
Д. Крила: Блаж Јанц (Барса), Тим Цокан (Висла), Гал Маргуч (Нексе)
Пикери: Блаж Благотиншек (Флензбург), Кристијан Хоржен (Гумерзбах), Матиц Сухолезник (Саран).

Точно е дека имаат отсутни десетина играчи од кои дел би биле во тимот, но освен можеби на позицијата десен бек, не гледаме дека се нешто сериозно оштетени. А и таму по потреба може да игра Блаж Јанц.
Со два играча на Барса и Гумерзбах, по еден на Флензбург, Алборг, Висла и Загреб и тројца интернационалци од Франција не би требало ни за момент да бидат потценети. Овој состав заслужува полн респект и според имиња е фаворит и на двата меча.

Од оваа фаза на квалификациите ќе ги издвоиме и дуелите меѓу Србија и Шпанија и Чешка со Хрватска, иако речиси во секоја група има добар дерби меч.

ГРУПА „1“
Македонија – Словенија
Естонија – Литванија
Табела: Словенија (4), Македонија (2), Литванија (2), Естонија (0)

ГРУПА „2“
Ц. Гора – Унгарија
Финска – Словачка
Табела: Унгарија (4), Ц. Гора (4), Словачка (0), Финска (0)

ГРУПА „3“
Грција – Исланд
Грузија – БиХ
Табела: Исланд (4), Грција (2), БиХ (2), Грузија (0)

ГРУПА „4“
Србија – Шпанија
Летонија – Италија
Табела: Шпанија (4), Србија (2), Италија (2), Летонија (0)

ГРУПА „5“
Чешка – Хрватска
Луксембург – Белгија
Табела: Чешка (4), Хрватска (4), Луксембург (0), Белгија (0)

ГРУПА „6“
Ф. Острови – Холандија
Косово – Украина
Табела: Холандија (3), Ф. Острови (2), Украина (2), Косово (1)

ГРУПА „7“
Турција – Швајцарија
Австрија – Германија
Табела: Германија (4), Австрија (3), Швајцарија (1), Турција (0)

ГРУПА „8“
Полска – Португалија
Израел – Романија
Табела: Португалија (4), Полска (3), Израел (1), Романија (0)

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk