-
10.03.2025
-
Вести, Планета ракомет
На чекор до промоција
Поранешниот македонски репрезентативец, сега тренер на германскиот тим Интерактив Ратинген, Филип Лазаров е многу блиску до моментот да го повтори успехот од 2023 и со својата екипа да се пласира еден ранг повисоко во системот на натпреварување (Трета Бундеслига).
По 19 натпревари од вкупно 24, Интерактив Ратинген е убедливо на првото место на табелата со скор од 15-0-2 и седум бода предност пред второпласираниот тим на Бон. Во оваа лига за победа се добиваат два бода.
1,2,3...8! Чекори ли се, не ли се?
Сериозни дискусии се отворија во Германија за начинот на кој се суди по мечот меѓу Гумерзбах и Флензбург (27-27). Домашниот тим водеше во финишот, гостите израмнија во последните секунди со гол на Јим Готфридсон. Проблемот е во тоа што Готфрдисон направи дури осум чекори без да ја тапне топката, а судиите тоа не го забележаа.
Ако се потсетиме и на СП имаше безброј недосудени чекори, дури и во моменти кога се решаваа битни натпревари, што доведува до момент да треба сериозно да се интервенира во судискиот дел, бидејќи станува очигледно дека судиите не можат да го следат со максимална концентрација се побрзиот ракомет.
Колку да не им се тресат рацете
Германскиот голман Силвио Хајнефетер откри таен ритуал од соблекувалната. Пред секој натпревар „мава“ понекој шнапс. Тој вели дека праксата почнала во 1998/99.
„Имавме изгубено неколку натпревари по ред и атмосферата беше лоша. Тогаш, пред еден натпревар, еден од ракометарите извади шише шнапс кое кружеше меѓу играчите пет минути пред мечот. Резултатот? Целосен успех! Ритуалот, нормално продолжи и на следните натпревари“, изјави Хајнефетер.
Данска на предвремени избори
Јан Кампман, в.д. претседателот на Данскиот ракомет (Данска ракометна федерација) не ја доби поддршката од делегатите и беше принуден по три месеци вршење на должноста да поднесе оставка. Кампман ја презема функцијата по ненадејната смрт на Мортен Стиг Кристенсен.
Поврзани вести