На првиот собир се појавија само двајца!

Photo: IHF/Kolektiff

Во каков термин е Неделата на ЕХФ и што значи тоа за играчите и репрезентациите, добар пример е Хрватска. 

На првиот собир на светскиот вицепрвак Хрватска пред дуелите со Чешка од квалификациите за ЕП 2026, се појавија само двајца ракометари.
Селекторот Дагур Сигурдсон, вчера попладне, во хотелот во кој беше закажан собирот ги пречека Марио Шоштариќ и Марин Јелиниќ. Сите други ракометари доцнат.
Хрватите денеска заминуваат за Брно, Чешка каде што ќе го одиграат првиот меч, а потоа се очекува нов спектакл во Загреб затоа што на реваншот со Чесите официјално од репрезентацијата ќе се збогуваат Домагој Дувњак, Игор Карачиќ и Иван Пешиќ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk