Се приближува денот кога македонската ракометна репрезентација одново ќе игра домашен натпревар пред полни трибини.
Во втората фаза од квалификацискиот циклус во Скопје доаѓа Словенија, една од подобрите светски репрезентации, земја во која развојот на домашниот ракомет е на поинакво ниво и тие со години произведуваат играчи и составија толку широка база на ракометари што и со бројни отсуства, одново имаат квалитетен состав во кој играат играчи од врвните клубови какви што се Барса, Алборг, Флензбург и Веспрем. Овие четири клуба ги земаме како пример, имаат свои интернационалци насекаде низ Европа.
Нашиот тим сѐ уште под импресии од јануарскиот мундијал очекува барем една победа во двобојот. Таа победа за нас практично ќе значи пласман на ЕП и исполнување на квалификациската цел.
Дури и во полошото сценарио, шансите нема да бидат загубени, ќе решаваме на двата последни меча кога ќе гостуваме во Естонија и ќе играме на домашен терен со Литванија.
„Нè очекуваат два дуели против силна Словенија, знаеме за каква репрезентација станува збор. Тоа е екипа што во никој случај не смее да биде потценета, а ние ќе имаме неколку дена да се подготвиме за тој меч. Треба да бидеме спремни за првиот дуел пред полна сала, очекувам дека ќе имаме огромна поддршка и публиката ќе не носи. Светското првенство ќе ни биде мотив плус за да прикажеме добра игра на натпреварпт. Секако дека нема да се предадеме, одиме на победа со својот максимум.
Реално Словенија има одлични индивидуалци. На сите позиции се покриени добро, играат брз и модерен ракомет. Треба добро да ги анализираме во овие неколку дена, да излеземе на терен и да го одиграме тој натпревар“, изјави Костески.
Поврзани вести