Репрезентацијата на Македонија е пред нов голем предизвик. Во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2026 следниве седум дена ќе игра два меча со најдоброрангираниот тим во групата, репрезентацијата на Словенија.
Во истиот период, двомечот ќе го одиграат и репрезентациите на Литванија и Естонија, по што математиките ќе станат јасни и македонскиот тим точно ќе знае што и колку му треба за да се пласира на следното големо натпреварување и го задржи континуитетот на настапите.
Следниот противник е тим од првиот шешир, Словенците имаа одличен настап на СП кое заврши без пласман во елиминациите по условно кажано контроверзниот натпревар со домашната Хрватска, по кој не мал број на ракометни познавачи за креатори на резултатот ја обвинија судиската двојка.
Словенија против Македонија ќе игра со прилично изменет состав, но тоа не го гледаме како нивни хендикеп, особено затоа што во тимот ги имаат Алекс Влах, Домен Макуц, Блаж Јанц, Блаж Благотиншек...
Заинтересираноста за овој натпревар руши рекорди и билетите веднаш беа распродадени. Ссалата „Борис Трајковски“ ќе биде премала за сите што сакаат да го гледат натпреварот, а пред полни трибини и расположена публика, шансите на Македонија за победа се зголемуваат.
Но, паметиме дека неодамна пред двојно поголема сала и позагреани навивачи, Словенија беше блиску до моментот да ја елиминира Хрватска од СП на нивни терен.
„Имаме голем респект кон Словенија, тоа е сериозна репрезентација која не пропушта големи првенства, редовен учесник и на Олимписки игри, имаа добар олимписки циклус. Тоа е тим со квалитетни играчи и според мене е во Топ 10 репрезентациите.
Ќе биде двомеч во кој ќе ни се пружи убава шанса да се надигруваме со нив.
Првиот меч, пред полна сала имаме шанса не само да им отежниме, зошто да не се надеваме и на позитивен резултат“, вели репрезентативниот пикер Жарко Пешевски.
Поврзани вести