Кузмановски: Да ја повториме играта од СП

Филип Кузмановски се препороди со враќањето во Македонија и игра одлична сезона и во дресот на репрезентацијата и на клупски план во Лигата на шампионите.
Следниот предизвик пред репрезентативниот бек е одново во националниот тим. Доаѓа Словенија на 12 март, потоа одиме во Копер каде на 16 март ќе го комплетираме вториот дел од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2026.

„Сите знаеме со какви играчи располага Словенија. Но, играме на домашен терен и дополнителна мотивација ќе ни биде полната сала. Македонија и народот верува во оваа млада и борбена екипа. Тоа го оправдавме и на СП во Хрватска. Имам чувство дека се уште сме на првенството кое ни донесе голема самодоверба. Очекувам истата борба да ја покажеме и на двомечот со Словенија.
Верувам во нас и сакам победа на домашен терен против Словенија. Пораснавме како играчи по СП. Долго време сме заедно и многу добро се познаваме. Но, Хрватска нека биде во минатото, а ние да гледаме во иднината, за која мислам дека е светла. Имаме три дена добро да ги анализираме. Стручниот штаб ќе ни помогне во тоа да се подготвиме најдобро што можеме“, изјави Филип Кузмановски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk