Машката сениорска репрезентација на Македонија, прв пат по настапот на СП 2025, од денеска е повторно заедно. Пред најдобриот ракометен тим се два меча со Словенија што се играат во квалификацискиот систем за пласман на ЕП 2026.
На повикот на селекторот Кирил Лазаров денеска се појавија сите 20 ракометари, со тоа што претходно беше извршена една измена и на местото на Петар Атанасијевиќ во составот одново е Цветан Кузманоски.
„По СП прв настап пред домашна публика. Гледате и самите дека владее голем интерес и нацијата е желна за квалитетен ракомет. Играме против квалитетен противник кој играше полуфинале на ЛОИ и заврши на 5. место на последното ЕП. Една многу сериозна селекција која е технички добро поткована и знае што сака од натпреварот. Ќе пробаме максимално да го искористиме краткиот период што го имаме и да се прикажеме во добро светло. Селекцијата на Словенија е во топ 8 во светот. Знаеме што сакаме и се надеваме дека во среда ќе не краси добар ден. Ќе се бориме до последен момент и да веруваме во позитивен резултат. Нема да биде лесно, но се надевам дека со борба достојно ќе им се спротиставиме. Не се оптеретуваме со противникот и ќе гледаме ние да бидеме на посакувано ниво. Треба да го играме нашиот стил кој го игравме и на Светското првеснтво. Имаме млада и полетна екипа“, изјави Лазаров.
Словенија е во предност во однос на македонскиот тим на табелата, тие и со еден пораз во двомчеот би биле чекор напред кон првото место. За македонскиот тим, пак, победа на еден од следните два меча, во пракса ќе значи и нов пласман на ЕП и заджување на континуитетот.
Првиот меч меѓу Македонија и Словенија ќе се игра на 12 март во Скопје, заинтереисраноста е огромна, а билетите за натпреварот веќе се продадоа.
Поврзани вести