Данскиот судија повторно се онесвести на терен

Данскиот судија Јеспер Мадсен, судијата кој се онесвести на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Веспрем и Спортинг, одново ја вознемири данската и воопшто ракометната јавност откако му се повтори лошата епизода.

Јеспер Мадсен повторно ќе загубеше свест на теренот, овој пат на натпреварот меѓу екипите на Алборг и Холстебро, а неговиот колега Мадс Хансен (фото) како и пред две недели во Веспрем, сам го судеше натпреварот до крајот.

Јеспер Мадсен овој пат не падна и целосно не загуби свест, туку едноставно седна на теренот неможејќи да се задржи на нозе.  Откако му беше пружена помош, беше изнесен на носилки од теренот. 

Неговиот колега потоа ги информираше медиумите дека овој пат било и полошо од претходниот пат во Веспрем, затоа што цело време чувствувал вртоглавица и повраќал во амбулатното комбе. 

Самиот Мадсен, пак, изјави  за данските медиуми дека се чувствал добро сѐ до тој момент. Но, погледнал нагоре, а потоа кога го свртел погледот, почувствувал вртоглавица слична на фамозната „утринска вртоглавица“ која едноставно не престанувала. 

Оваа судиска двојка се здоби со голема непопуларност во Македонија по мундијалот во Вараждина каде што беа посочени како еден од факторите што го скрои победата на Холандија над Македонија во второто коло од Прелиминарната рунда.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk