Македонија поразена и на втората контрола

Женската репрезентација на Македонија запиша пораз и на вториот контролен натпревар одигра со Србија во Бор. На мечот што беше затворен за јавност поради определбата на селекторите да испробуваат тактики што не треба да ги видат противниците од типот на Полска и Словенија кои се следните ривали на Македонија и Србија во бараж квалификациите, победи Србија со резултат 35-28 (19-15). 
На овој меч противникот настапи без Лекиќ, Цвијиќ и Крпеж кои беа во состав, но не влегуваа во игра. Ангела Јањушевиќ со 10 гола беше најефикасната ракометарка на натпреварот, следена од Дуња Радевиќ која постигна осум гола. 
Во репрезентацијата на Македонија по пет гола постигнаа Гакидова, Ризоска и Дамјаноска. Три погодоци запишаа Јанеска Килдан и Седлоска, по два гола Граматова и Јанкуловска, а по еден гол постигнаа Коларовска, Младеновска и Арсениевска. За Македонија настапија уште и Трпеска, Маџовска, Кузмановски, Коцева, Чурлиновска, Мицевска и Петковска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk