Гогов го спаси Вардар од пораз во Охрид

Вардар славеше минимална победа од 27-26 на гостувањето во Охрид на дерби мечот од претпоследното коло од првата фаза на Суперлигата. 
Црвено-црните до новите два бода што нема да сменат суштински ништо на табелата дојдоа благодарение на голманот Васил Гогов кој беше нивниот Икс фактор на натпреварот што според сите параметри по кои се играше - требаше да го загубат.
Охрид одеше од стартот на натпреварот најчесто со разлика од 4-5 гола. И така беше до 55 минута, кога останаа со дваја играчи помалку во поле, а Вардар намали на минус три. 
Во тие моменти ја снема самодовербата на домашниот состав, практично се изгубија на теренот, па дури и кога ќе направеа изгледна шанса да гол раката им трепереше. 
На спротивната страна Вардар влезе го убав ритам, Борозан брзопотезно ги решаваше нападити и најважно, кога требаше нему не му затрепери раката. 
Вардар гол по гол стигна до пресврт, водство па дури имаше и луксуз да прокоцка еден напад и да им остави на домашните шанса за реми, но тие не успеаја да организираат до позиција за шут и бодовите патуваат за Скопје. 

Во денешното коло нерешено одиграа Струга и Тиквеш (25-25), односно Борец и Прилеп (38-38). Е. Пелистер лесно го совлада Бутел Скопје (34-25), а Пролет беше подобар од Радовиш (22-18).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk