ТОП ВЕСТИ: Прва победа за Томовски и Потсдам, кои се трите кандидати за најдобар играч...

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше 10 интервенции во исторската прва победа на Потсдам во Бундеслигата. Екипата на македонскиот ракометар го совлада Штутгарт 28-25, во 22 коло од најсилната лига во светот.

Матијас Гидсел, Андреас Волф и Алекс Душебаев се тројцата ракометари финално номинирани од Светската ракометна федерација за најдобар ракометар во 2024 година

Десниот бек на репрезентацијата на Унгарија, Габор Анчин, објави дека настапот на Светското првенство 2025 година беше неговото последно големо натпреварување во дресот на репрезентацијата. Тој објави дека на него можат да сметаат во одредени ситуации, но не и за турнирски натпреварувања.

Бараж противникот на женската репрезентација на Македонија, репрезентацијата на Полска беше поразена на првиот меч од Златната лига. Полските ракометарки загубија од Холандија 22-26 (10-12) на натпревар одигран во Ден Бош. Денеска и утре, Полска ќе игра со Данска и со Норвешка.

Шпанската екипа Бенидорм, во јануари потпиша нов двегодишен договор со тренерот Серхио Карбаљеира, но еден месец подоцна му врачи отказ. Во вториот дел од сезоната, Бенидорм запиша четири порази по ред од кои три од директните ривали за опстанок.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk