Лазаров направи една измена во репрезентацијата

Македонската репрезентација по успешниот настап на Светското првенство во Хрватска ја „запали“ ракометната јавност, па така деновиве владее огромна заинтересираност за дуелот што на 12 јануари во Скопје ќе го игра против репрезентацијата на Словенија.

Македонските ракометари, сега 20 на број, во многу сличен состав со тој што настапи на мундијалот, утре ќе го има собирот со што ќе ги почне мини подготовките за дуелот со незгодните Словенци.
Селекторот Кирил Лазаров, сепак, мораше да направи една измена во тимот.

Петар Атанасијевиќ поради повреда нема да биде во составот, а повик доби неговиот клупски колега Цветан Кузманоски.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk