Иваноски пропушти шанса да го запре Партизан

Партизан ја продолжи супериорноста во српската Суперлига, но на дуелот со Дубочица беше најблиску досега да го расипе 100% остварување во првенството. Екипата од Лесковац ја искористи некомплетноста на црно-белите и успеа во финишот да се доближи до една топка за бод.
Македонскиот ракометар Михаил Иваноски, кој како позајмен играч настапува за српската екипа Дубочица, пропушти шанса да го расипе перфектниот скор на Партизан во српското првенство. По истекот на времето, при резултат 24-23 за Партизан, Иваноски ja презема одговорноста и шутираше пенал за нерешено, но не успеа да го реализира. Македонскиот играч претходно постигна два гола на овој натпревар.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk