Охрид го чека Вардар на дерби

Ден пред собирот на македонската репрезентација за квалификациските дуели со Словенија, на суперлигашката сцена ќе се комплетира претпоследното 21 коло од првата фаза на шампионатот.

Во центарот на вниманието е дуелот што ќе се игра во Охрид каде што ќе гостува екипата на Вардар 1961.
На табелата е речиси јасно каква ќе биде поставеноста на екипите. Вардар ќе биде во Топ 3 тимовите кои ќе пренесат три односно два бода во Плејоф, додека Охрид ќе го освои четвртото место и ќе пренесе еден бод во втората фаза.
Во Плејаут делот, се уште има бодовна трка меѓу Прилеп и Пролет, односно Ф. Борец, Струга и Радовиш, а денеска ќе добиеме и одговори на неколку прашања околу изгледот на конечната табела.

Мечот во Охрид е еден од последните што ќе донесе вистинско внимание во оваа фаза од првенството пред да биде направена Плејоф/Плејаут поделбата.
Охриѓани неодамна имаа релативно добар меч со Е. Пелистер и тоа треба да биде предупредување за црвено-црните, но подвлечено, Вардар е фаворитот за бодовите денеска.

Суперлига, 21 коло
МРК Куманово - Алкалоид  27-41
14:00  Струга - ГРК Тиквеш
17:00  Е. Пелистер - Бутел Скопје
18:00  ГРК Охрид - Вардар 1961
18:00  Пролет 62 - Радовиш
18:00  Фруитленд Борец - Прилеп

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk