Висок пораз на Македонија на првиот меч во Бор

Репрезентациите на Македонија и Србија го одиграа првиот од двата предвидени контролни натпревари во ЕХФ Неделата. Двата меча ќе се играат во Бор, Србија, а на првиот меч домашната репрезентација запиша убедлива победа од 34-21 (20-11). 
Јасно беше уште од почетокот, домашните во речиси најсилен состав силовито тригнаа и по осум минути водеа 8-3, а селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски мораше да бара тајм аут. 
Во продолжението не се променија на добро работите. Многу грешки и нереализирани напади, водството на противничката екипа стана двоцифрено и така беше се до последната минута. 
Натпреварот, а и тоа што ќе се игра утре сигурно ќе имаат и свои позитивни страни. Македонија денеска играше со брза транзиција, проба и различни одбрани, а несомнено и утре ќе биде слично.
Катарина Крпеж со седум гола беше најефикасна на натпреварот, а Катарина Дамјановска со пет постигнати гола, најефикасна во македонскиот тим. 
Утрешниот празнично, ќе се игра со почетокот од 13:00, но ќе биде од затворен тим. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk