Photo: Rukometni savez Srbije/RSS
Новиот селектор на Србија, норвешкиот тренер Бент Дал се соочи со лоша ситуација во Романија, каде што работеше до ноември минатата година како тренер на екипата на Влчеа.
Романскиот клуб и Бент Дал ја раскинаа соработката на 1 ноември минатата година, по што тренерот ги предал клучевите од изнајмениот стан во клубот, но неговите работи останале во станот, со намера подоцна да си ги земе. Бент Дал која на декемвриското ЕП ја водеше репрезентацијата на Чешка, го чекаше непријатно изненадување.
Кога подоцна, по завршувањето на обврските дошол во Влчеа да си ги земе своите работи, во станот немало ништо. Тој вели дека е оштетен за работи кои парично вредат околу 15.000 евра и најави тужба.
Од клубот, пак, реагираа со соопштение во кое велат дека тие немале никаква улога во процесот на избор, изнајмување или менаџирање со станот и дека тоа била комплетна одговорност на Бент Дал. Затоа, пак, велат дека откривањето на ваквата информација на овој начин, сериозно наштетило на имиџот на клубот и тие ќе преземат соодветни чекори.
Во меѓувреме, вината се префлаше на релација клуб – сопственик на стан. Имено, сопственикот наводно одново го издал станот, но новиот кираџија наводно рекол дека тој не нашол никаков багаж од претходниот станар, односно од норвешкиот тренер Бент Дал.
Поврзани вести