Ракометниот сојуз на БиХ ја затвори канцеларијата

Генералниот секретар на Ракометниот сојуз на Босна и Херцеговина (РСБиХ) ги информирал членовите на УО дека канцеларијата привремено ќе биде затворена. Врабтените не примаат плати, не можат социјално да бидат осигурани и единствениот лек засега е – затворање на канцеларијата.
Дали е воопшто можно да функционираат првенствата без раководство е нешто што можеби ќе бидеме сведоци да го видиме.
Не се само вработените проблем, РСБиХ веќе биле посетени од извршители за заплена на имот што ќе оди на лицитација за неколку судиски спорови што веќе ги загубиле.
Пари за репрезентациите имаат обезбедено за мартовските акции, но тука им завршува буџетот.
РСБиХ пред неколку месеци избегна суспензија од ЕХФ поради долгот кон поранешниот селектор Ивица Обрван. Тогаш Фудбалскиот сојуз финансиски ги помогна и ги спаси од суспензија. Целиот настан личеше на свечаност и беа најавени подобри денови.
Но, неколку месеци подоцна, ситуација е полоша отколку што беше, пишуваа медиумите во БиХ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk